Вучиќ: Остро обраќање на Ковачевски до Курти на неформалната вечера за скандалот во Тетово
Српските функционери да бидат внимателни во изјавите кон Македонија, побара српскиот претседател. Вучиќ и лично им се извини на македонските граѓани за изјавата на српскиот министер за одбрана дека Македонија и Црна Гора и згрешија на Србија со признавањето на Косово. Вучиќ откри и детали од вчерашната неформална вечера во Атина на која вели дека премиерот Ковачевски упатил остри критики кон Курти за неговата скандалозна посета на Тетово.
Посетата на Атина премиерот Ковачевски ја заокружи со средба со Зеленски, на која испратил порака дека Македонија ќе ја поддржува Украина се додека тоа е потребно. Во интервју за МИА премиерот вели дека на средбата со шефицата на Европската комисија добил силна поддршка за спроведување на уставните измени.
Неформалната вечера на лидерите на 7те земји од регионот заедно со европските челници која ја организираше грчкиот премиер Мицотакис заеврши со уште една силна потврда за европска интеграција на Западен Балкан, овој пат заеднички со Украина и Молдавија.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
