Лекар од тетовската болница злоупотребувал податоци од пациентите за финансиска корист
По тик-токерот анестезиолог, за три месеци втор случај за евентуални злоупотреби на лекар ја тресе тетовската болница.
Во Обвинителство се уште не стигнала кривичната пријава од МВР против хирург од здравствената установа кој се сомничи дека без дозвола користел податоци од пациенти и креирал невистинити медициски извештаи, а во координација со уште двајца осомничени земале обесштетување од осигурителна компанија.
Од болницата велат дека докторот оди на работа бидејќи не добиле засега никакви насоки од надлежни институции. Ова дело се случувало пред 2 години, а биле оштетени 6 лица кои имале медицински третман во болницата. Министерот за здравство е запознаен со случајот.
- Во Тетово актуелен е сега случај со злоупотреба на податоци на пациенти. Случајот сега е во обвинителството. Ние ги охрабруваме сите во правниот систем да постапат онака како што налагаат законите, а ние 24/7 им стоиме на располагање како министерство за се што им треба, вели Фатмир Меџити, министер за здравство.
Додека во тетовската болница чекаат на насоки од обвинителството, во април анестезиолог беше суспендиран, одземена лиценца за работа и затворска казна бидејќи на тик ток неовластено впуштал видеа од пациенти.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
