Кои се вистинските причини за отповикувањето на амбасадорот во Токио?
Отповиканиот македонски амбасадор во Токио Горан Цеков, неколкупати бил пријавуван за сексуално вознемирување не само од јапоснки државјанки, туку и од колешка во амбасадата, тврди опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Партијата бара власта да одговори дали поради пријателските релации со претстедателот Пендаровски, екс министерот Димитров и Османи, досега не било реагирано за неговото однесување.
Јапонската државјанка го пријавила цеков во неколку наврати, но она што е уште повознемирувачко што истиот тој амбасадор истовремено сексуално нападнал и негова колешка од дкп-то во јапонија за кого било алармирано во мнр неколку пати, но никој не превземал ништо! Амбасадорот е вратен во земјата но поминува, само со мерка враќање назад“, вели праетничката.
Опозицијата бара министерот Османи да ги изнесе јавно сите податоци од извештајот за дисциплинската комисија каде се наведени сите детали за овој чин.
МНР пак наместо секс скандалот, како причината за повлекувањето наведува незадоволителни резултати и работи со кои им се причинува штета на интересите на државата.
Отповиканиот македонски амбасадор во Јапонија, Горан Цеков има рок од пет дена да се врати во Македонија.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
