Македонија
19. July 2023 - 16:38

Радев најавува дополнителни услови, САД бараат начин да се спречат дополнителни условувања

Уставните измени за гаранција на правата на Бугарите се само почеток, но нема да се единствениот услов на Бугарија за интеграциите на Македонија, вели бугарскиот претседател, кој го поздрави чекорот на македонската влада. Иако бугарското МНР пред само два дена објави дека нема да има нови услови за Македонија,  Радев најавува дека имплементацијата на протоколите се следното кое треба да го спроведе Македонија.

Откако уставните амандмани стигнаа на адреса на Парламнетот,  охрабрувачка порака пристигна и од официјален Вашингтон. Високиот американски претставник за Западен Балкан Габриел Ескобар во дебата во Конгресот порача дека го поддржува процесот за уставни измени што ќе го озозможи пристапувањето на Македонија во ЕУ. Ескобар истакнува дека е посветен да обезбеди гаранции дека новата бугарска влада нема да има нови барања.

По дипломатската офанзива на министрите од земјите членки на ЕУ пораката е дека менувањето на Уставот е единствената шанса за продолжување на процесот на преговори, но Брисел не може да гарантира дека Бугарија нема да испорача ново вето за македонските интеграции.