Дерковски и членовите на ДИК ослободени од вина за набавката на софтверот за изборни резултати
Поранешниот претседател на ДИК, Оливер Дерковски и тројца вработеник во комисјата се ослободени од вина за набавката на софтверот за изборни резултати. Според Кривичен, обвинителеството не успеало да докаже дека обвинетите не ја почитувале постапката за јавни набавки. Напротив, според судот, одбирајќи ја понудата на компанијата ДУНА за набавка на софтверот, обвинетите го заштитиле државниот буџет.
Пресудата денеска не ја слушна јавниот обвинетел кој ја водеше постапата, па засега нема информациите дали истата ќе биде обжалена пред второстепениот суд.
Набавката на софтверот за изборни резултатите беше актуелна на денот на парламентарните избори пред три години, кога за време на објавувањето на резултатите падна веб страницата и апликацијата на ДИК.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
