Ковачевски и Рама: Отворен Балкан не е завршена приказна, но Берлински процес заслужува приоритет
Приказната со Отворен Балкан не е завршена – премиерот Димитар Ковачевски уверува дека соработката на државите од Западен Балкан преки иницијативата дава резултати. Но ги повика лидерите од регионот да се насочат кон Берлинскиот процес, како поголема иницијатива кој нуди повеќе можности. Тврди дека не ставаат клуч на регионалната иницијатива, туку напротив, веќе имале закажани средби и настани на агендата.
Албанскиот премиер Еди Рама кој во изјава за албански медиуми најави крај на Отворен Балкан , сега од Скопје јасно не кажува дали процесот ќе продолжи да „живее“. Како и Ковачевски бара во фокусот да биде ставен Берлинскиот процес предводен од Унијата бидејќи сега сме биле во фаза на забрзана евроинтеграција.. Ја повика Унијата да не прави поделби на граѓаните и да ја зголеми финансиската помош за земјите од Балканот.
Од Скопје, работната посета Рама ја продолжува во Приштина каде нема голем интерес за разговори откако тој одби заедничка седница со владата на Курти. На агендата се посети и на Белград, Сараево и Подгорица.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
