Уставен одлучи: Времено стопирано користењето на етничката графа во изводите
Нема да има графа националност во изводите на родени – Уставниот суд донесе времена мерка за стопирање на одлуката на министерот за правда Кренар Лога.
Додека не биде донесена конечна одлука на судот, дали Упаството ќе биде укинато, нема да да се издаваат изводи во кои задолжително ќе треба да се наведе етничката припадност.
Мнозинството од судиите во оваа фаза се согласни дека не бил испочитуван уставниот рок од 7 дена за објавување во Службениот весник. Уставните судии Насер Ајдари и Фатмир Скендери во дискусијата изнесоа нивни аргументи против и јасно кажаа дека нема да поддржат продолжување на постапката.
Министерот за правда кој стави потпис на одлуката како дел од јавност ја следеше седницата на Уставниот суд. Призна дека не е испочитуван рокот на објавување, но вели дека тоа не било негова вина.
Во Уставниот суд пристигнати се уште две иницијативи со кои е оспорена уставноста на содржината на Упатството и користењето на графата националност.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
