Македонија
2. July 2023 - 16:33

Внатрепартиски избори во ДУИ - ,,Огнените'' тврдат дека се наместени

Интегративците на Ахмети преку внатрепартиски избори избираат нови претседателства во 14 партиски ограноци, кои треба да ги заменат „огнените“.  Лидерот на ДУИ тврди дека процесот се водел транспарентно, а во партиската трка секој можел да се пријави, иако ниту еден од фракцијата предводена од Меџити нема на листата за избор.

Главната „битка“ се води во скопски Чаир, од каде се и најголем дел се членовите на „огнената група“. Од изборната комисија на интегративците велат дека процесот бил демократски и отфрлаат било какво однапред планирано сценарио за избор на ново претседателство на партискиот огранок.

За досегашниот претседател на чаирскиот огранок Изет Меџити, ова се внатрепартиски избори спротивно на статутот на партијата и обид да се претстави дека владее демократија во ДУИ. Новите претседатели се однапред познати и избрани под диктат, вели Меџити во изјава за Сител.

Фаворит за позицијата во најголемиот огранок на ДУИ во Чаир е поранешниот министер за економија, Беким Незири.

Изборите во ДУИ следуваат по речиси цела година внатрепартиска битка на сега веќе фракцијата на ДУИ, во која се дел од високите партиски структури од една страна, и Ахмети и Груби од друга страна.

Незадоволството следувало по лошиот резултат на последните локални избори особено во Полошкиот регион и како што тогаш неведоа од ,,огнената група'' самоволието на Артан Груби, на кого му препишуваат најголема вина за изборните резултати.