Македонија
8. May 2023 - 16:38

Помалите партии го обвинија ДУИ за блокада на процесот за промени на изборниот модел

Помалите партии во Собранието го стекаат обрачот за воведување една изборна единица.

Точно две години по првата иницијатива, пратениците на ЛДП, Демократски сојуз, ДОМ, Левица, Демократската партија на Турците, ВМРО-Народна партија, денеска повторно повикаа час поскоро предложените измени на ИЗборниот законик да се стават на седница.

Сите се согласни дека овој чекор ќе ја зајакне одговорноста на функционерите и ќе ја изедначи тежината на гласот на сите граѓани.

ДУИ нема да се противи на воведување на една изборна единица, но ако прагот биде 5%, што според помалите партии е неприфатливо и многу попогубно од сегашниот изборен модел

„Прагот од 5% е во функција е во функција да се обезбеди политичка стабилност, политичката нестабилност не оди во прилог ниту на државата, ниту на граѓаните. Ако господинот трајанов сака да има загарантирано пратеничко место доживотно, ајде да разговараме и за тоа. Беа поддршка од граѓаните да има доживотно загарантирано пратеничко место“ вели Арбер Адеми од ДУИ.

Една изборна единица добива поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, но партијата останува на ставот дека проблемот не е во нив, туку во меѓукоалициските пресметки.

СДСМ е за една изборна едници, но и за дебата која ќе треба да утврди дали е потребен праг и отворени листи.  

Работната група која треба да ги подготви измените на изборното законодавство според препораките на ОБСЕ ОДИХР, минатата недела го одржа првиот состанок но без многу детали. Очекувањата се Изборниот законик да се измени 6 месеци пред редовните избори следната пролет.