Македонија
13. April 2023 - 16:37

Договорот со „Бехтел и Енка“ останува во тајност

Договорот со Бехтел и Енка останува тајна потврди и премиерот Ковачевски

Вели дека делови од договорот се доверливи и на барање на американско-турскиот конзорциум не може да се објават јавно. Ковачевски ги повика и САД и Турција, но и сите надлежни институции во државата да одговорат дали договорот е коруптивен

51 процент од ресурсите Бехтел и Енка ќе ги користи од домашните компании, а останатите од странство. Ковачевски негира дека државата ќе плаќа пенали, но потврдува дека без законски измени со кои ќе се дозволи 60 часовна работна недела, автопатиштата ќе се градат подолго и ќе чинат поскапо.  

ВМРО-ДПМНЕ и денеска обвинува дека Македонија има рок уште 9 дена да го донесе законот кој ќе овозможи 60-часовна работна недела, пред да почне да плаќа пенали од 53 милиони евра.

Предложените законски измени се срамно кршење на работничките права спротивно на Уставот, велат и од Социјалистичката партија.

Социјалистичката партија на Македонија бара веднаш да се повлече овој катастрофален предлог закон кој всушност претставува воведување на робовски труд и безгранично експлоатирање што е незамисливо во 21 век.

Тие што го преговарале и го прифатиле ваквиот предлог треба да одговараат и да бидат казнети, се вели во писменото соопштение на СПМ

Дали измените на 8 закони кои влегоа во собраниска процедура ќе добијат потпис од шефот на државата, Пендаровски вели дека ќе решава со неговиот правен тим откако ќе ја види конечната верзија.