Македонија
11. February 2023 - 16:40

Ковачевски бара разрешување на сите министри од Алтернатива, предлага четворица нови

Партијата на Гаши останува надвор од владата. Премиерот ковачевски до Собранието го достави новиот владин кабинет, но и барањето за разрешување на сите тројца министри од Алтернатива.

Алијанса и официјално  го превзема и министерството за информатичко општество од Алтернатива. Партијата на Таравари го превзема правда со Кренар Лога, здравство со Фатмир Меџити, и информатичко општество со Азир Алиу.

ДУИ за Алијанса го отстапува заменик министерското место во одбрана, но ја добива заменичката позиција во образование, каде веќе има и министер од своите редови.

Највисоките партиски органи на Алтернатива утре ќе решаваат дали без министри во владата ќе останат дел од мнозинството

Од СДСМ денеска со порака до Гаши, вратата  е отворена за некоја идна соработка  

- Со вклучување на Алијанса како нов коалициски партнер во Владата се обезбедуваат сите услови за политичка стабилност и зголемена ефикасност на Собранието и институциите. Стабилност и ефикасност ќе допринесе да продолжиме со реформите во економијата, во судството и во однос на интеграцијата на земјата во ЕУ. патуваме порака до Алтернатива дека вратата за соработка е отворена и понатаму. Овие времиња се важни за европската иднина и за економските реформи и ги повикуваме да се издигнат над тесно-партиските интереси и да размислат уште еднаш. Иако Алтернатива не одговори на понудата за продолжување на соработката, партијата е добредојдена со свој придонес во европската коалиција, вели Дарко Каевски портпарол на СДСМ.

Од Демократски сојуз бараат Ковачевски да ги информира коалициските партнери за тоа што точно е договороено со Таравари, бидејќи во спротивно нема да поддржат нов владин партнер кој се заканува со дестабилизација и реорганизација на Македонија. Од партијата на Павле Трајанов ги потсетуваат СДСМ дека досега не е реализиран ниту еден приориутет од нивната програма.

За ВМРО-ДПМНЕ новиот состав на Владата е „пазар 3 коалиција“.

- Додека со месеци се договараат, луѓе умираат поради недостиг на лекови, инфлацијата се зголемува, имаме студена војна со Бугарија, по предложениот состав јасно е дека не договарале квалитет, туку договарале бизниси и тендери. Во состојба кога Собранието се уште не знае дали постојните министри се разрешени или сами си даваат оставка, новиот предлог на Ковачевски е срам за Македонија. Така министер за правда се предлага братот на осомничениот за убиство на Дилавер Бојку, вели Стоилковски. 

Спикерот Џафери веќе ја закажа Собраниската седица за реконструкција на владата во понеделник во 15 часот.

Пред оваа седница министерите Тупанчевски и Нуредини веќе си поднесоа неотповикливи оставки од функцијата, кои Собранието само ќе ги констатира.

Министерите од Алтернатива кои заминуваат засега не откриваат дали ќе понесат оставки или ќе чекаат во понеделник да бидат разрешени.  

Собранискиот деловник за разешување на министери предвидува седница за која времето за дискусија не е ограничено.