Нови детали од планот на Заев за широка коалиција со ВМРО-ДПМНЕ
Ако ВМРО-ДПМНЕ добие премиерско место на предвремените избори што би се одржале благодарение на крилото на екс-лидерот на СДСМ Зоран Заев, тогаш за иден претседател се планира самиот Заев. Ова го тврди порталот Плусинфо повикувајќи се на партиски извори во СДСМ, но и во алабанскиот владејачки блок.
Се работи за серија на текстови за тоа дека Заев изминатиот период преку внатрешни превирања во СДСМ против неговиот наследник Ковачевски се обидува да дојде до пратеници од владејачкото мнозинство што би гласале за распуштање на парламентот.Наводно веќе ја имал поддршката од седуммина. Со ова тој се надева дека за СДСМ ќе обезбеди нов владејачки мандат заедно со ВМРО-ДПМНЕ, но без ДУИ на Ахмети. По ова себе си Заев се гледал како шеф на државата, тврди Плусинфо.
Планот наводно бил презентиран и на партиски состанок во тесен круг на 21 декември лично од Заев поддржан од Филипче, но останал без некоја голема поддршка. Од друга страна, Плус инфо вели дека расчистување на внатрешните струи про-Заев или про-Ковачевски би се случил по празниците.
„Нашите извори велат дека втората рунда на битката меѓу Заев и Ковачевски би можела да се случи во т.н. некрстени денови, од Божиќ до Водици“, пишува Плусинфо.
Иако побаравме официјални одговори за ваквите наводни настани во валдејачката партија, од таму два дена не одговараат дали се запознаени со планот за предвремени избори, има ли раскол во СДСМ, дали ќе има централен одбор или друг одлучувачки партиски состанок по Божиќ.
Ковачевски во последните изјави постојани нагласува дека изборна ќе биде дури 2024 година.
Лидерот на опозоциската ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски демантира дека имал некакви контакти со Заев, но вчера испрати охрабрувачка порака до сите пратеници од власта кои се спремни да гласаат за распуштање на парламентот.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
