Македонија
27. December 2022 - 12:24

Прва дојава за бомба во училиште во Охрид

Лажна дојава за бомба, утрово на емаил пристигна и во ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ во Охрид.

Менаџментот веднаш пријавил во полиција. Беше извршена стандардна процедура за евакуација на учениците и професорите.

Првата смена од наставата била прекината, додека втора смена од наставата ќе се одвива непречно.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека се направени сите потребни проверки во врска со денешната пријава дека на електронската адреса на едно училиште во Охрид е упатена закана за поставена експлозивна направа.

Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектот, а потоа се извршени детални антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажна пријава. 

Ова е прва дојава за бомба во охридско училишта, по серијата лажни дојави во повеќе училишта и институции низ земјава.