Македонија
25. December 2022 - 21:20

Што ќе покаже утрешната информација на МВР за лажните дојави за бомби - има ли решение?

Под државна тајна од највисок ранг е касифициран извештајот што министерството за внатрешни работи во петокот го доставило до Собранието за тоа што досега покажала истрагата за дојавите за поставени бомби во училишта и други објекти.

Според најавите документот, кој се изготви на барање и на опозициски и на владејачки пратеници, утре лично ќе го презентира министерот Спасовски на затворена седница на Комисијата за одбрана.

Според информациите на Сител се работи детален извештај од кој пратениците ќе бидат запознаени за тоа од каде се претпоставува дека стигаат овие хирбридни закани, но и безбедносни информации за тоа кои се државите што нудат помош на Македонија во справувањето со нив.

Сепак, мали се шансите Собранието да донесе некакви заклучоци или мерки за безбедносната состојба во државата бидејки државниот врв се уште вели дека таа е стабилна.

Опозицијата пак, вели дека безбендосните служби на власта се однесуваат само реактивно, а не и проактивно за да се справата со проблемот и со тоа го зголемуваат психолошкиот терор што дојавите го прават врз граѓаните.

Досега, МВР поденесе кривични пријави за двајца малолетници кои хибридните закани ги искористиле за да се заканат со наводно поставени бомби во последните изјави на Спасовски се дека МВР влегло во трага на дојавувачи.

Според безбедносните експерти зимскиот распуст ќе ги релаксира лажните дојави за бомби во училиштата, но затоа пак, можно е да ги зачести дојавите за поставени екплозивни направи во објекти од јавен карактер, како што веќе имаше на скопскиот аеродром, стадиони и спортски сали, но и трговски центри.