АНБ ќе добие нов директор, дали Димовски ќе биде амнестиран во одговорноста за Онишченско
Агенцијата за национална безбедност утре на владина седница ќе добие нов директор, а досегашниот Виктор Димовски се планира да замине за амабсадор во Франција.
Иако од Владата нема детали ни за судбината на Димовски, кој е сред аферата за македонскиот пасош на контроверзниот Онишченко, ни за неговиот наследник, во јавноста веќе има шпекулации кој ќе седне на директорското столче.
Меѓу имињата што се споменуваат се сегашниот директор на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу – близок до Пендаровски, директорот на ОТА Зоран Ангеловски, кој има искуство во разузнавање, како и неименуван раководител во АНБ. Се споменува и професорот по безбедност Дујовски, но тој за Сител вели дека ниту му е понудено, ниту пак, ако му биде би прифатил директорска позиција во АНБ.
Назначувањето на нов директор на Агенцијата отвора дилема дали на овој начин Владата се обидува да ја прекине собраниската постапка за одговорност на Димовски во случајот со Онишченко откако веќе донесе одлука за одземање на неговото државјнство по признаени пропусти на АНБ.
Претседателот на Комисијата за надзор на безбедносните служби, опозицинерот Љупчо Пренџов вели дека веќе за четврток закажал продолжение на отчетот на Димовски и дека владината најава за нов директор нема влијание на собраниската работа.
Пренџов ја закажа Комисијата откако собрнаискиот спикер Џафери вчера објави дека пристигнат е Извештајот за тоа како протече во јавност отчетот на Димовски за Онишнеко од затворена комисиска расправа. Џафери не откри што содржи извештајот, но најави дека Комсијата ќе продолжи во собраниска сала во која нема технички можности за снимање.
Извештајот од МВР за безбедносниот пропуст заврши и во Јавното обвинителство. Од таму велат дека во оваа оваа фаза траат само провери за конректни дејствија што биле содржани во Извештајот за тоа како се случил настанот.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
