МВР отвори дисциплинска за полицајците во Арачиново, Мицкоски најавува интерпелација за Спасовски
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ подготвува нова интерпелација за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, открива лидерот на партијата Христијан Мицкоски. Директен повод е случката во Арачиново кoга наводно полициски службеници биле нападнати од банда во ова општина, но Мицковски вечи време е министерот да понесе одговорност и за други работи.
Од МВР пак, демантираат дека имало инцидент во Арачаиново.
ТЕЛОП МВР “Од извршените проверки е утврдено дека на 30.11.2022 тројца полициски службеници запреле возило „фолксваген“, управувано од малолетник, но не ги презеле потребните службени дејства, за што против нив се изготвени иницијативи за дисциплинска постапка, а во извршените службени разговори тројцата полициски службеници негираат дека било кој им се заканувал или вршел притисок врз нив. Затоа, апелираме пред да се проверат фактите да не се објавуваат дезинформации со кои се вознемируваат граѓаните“, велат од внатрешни работи. Малолетникот и неговиот родител, пак, заработиле казна поради возење без дозвола.
Но, ова не е динствен случај за кој реагира опозцијата. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја критикува и целата Влада за состојбата со корупцијата во земјава.
Премиерот Ковачевски пак, вели обвiнителствотот и судствотот се независни, но ги охрабрува да постапуваат во сите случаи за кои постои сомнеж за корупција.
По чудниот избор на обвинителството за организиран криминал и корупција, потоа оставката на претседателската на судскиот совет поради притисок од судско-бизнис елита, предвременото полагање на правосудниот испит насинот на Џафери се погласни се критиките, особено од америкнаската, амбасада дека земјата не се справува со корупцијата.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
