Македонија
28. November 2022 - 16:52

Цела недела траат нејаснотиите - Со каква диплома и кога синот на Талат Џафери положил правосуден испит?

Академијата за судии и јавни обвниители во обрана на синот на собранискиот спикер Џафери, за кого и Антикорупциската комисија и Министерството за правда потврдија дека го полагал правпосудниот испит пред да земе диплома од правен факултет.  Од Академијата велат, дека Барлет Џафери, според нивната евиденција, магистрирал 2015 година и истата година предвреме го полагал и правосудниот испит со дозвола на тогашниот министер за правда Јашари  што било законски дозволено.

„Барлет дипломирал 2009, а во 2015 година магистрирал и истата година полагал правосуден испит, а не после една година. Најверојатно со решение од министер бидејки тогаш законот дозволуваше предвремено полагање. Сега со законот од 2019 година е забрането. Инаку 300 кредити има стекнато порано со полагање на сите испити од втор цикулус, само одбраната на магистратурата му е во 2015 година“, велат официјално од Академијата.

Ссобранискиот спикер Талат Џафери за тоа како неговиот син успеал да положи правосуден испит пред да земе диплома од правен факултет и со тоа веднаш да се запише на Академијата за судии и јавни обвинители од каде му е гарантирано вработување во судството.

Партискиот лидер на Џафери без посебен коментар за случајот.

Премиерот Ковачевски пак, ја обвини опозицијата која во парламентот блокирала неколку закони од оваа област што треба да ја пообрат состојбата. За конректниот случај упатува на самото судство.

Случајот стана актулен откако Антикорупцисиката комисија утврди дека Барлет Џафери, синот на спикерот положил правосуден во февраури 2015 година додека министер за правда бил споратиецот на Џафери – Аднан Јашари, додека диплома добил во јуни 2015 година, но не може да отвори случај за корупција бидејки министерството ги чува досиејата на кандидатите за државниот испит само една година.

Реакциите во јавноста не стивнуваат.  Лидерот на Левица Апасиев напиша: „Ќе ги викнеш од Антикорупциска на коктелче у Собрание и оп, ќе ти го затворат предметот за син ти . Ах, тие прекрасни ‘европски вредности’“

Адвокатот Торетевски пак, им порача на младите правници „ДЕЧКИ!!!! НЕ УЧЕТЕ И НЕ’ ПОЛАГАЈТЕ ПРАВОСУДЕН ИСПИТ. САМИ ОТПЕЧАТЕТЕ СИ УВЕРЕНИЕ.  Само водете сметка да ставите датум постар од една година.“.