Македонија
20. November 2022 - 16:43
Климатските промени штетни за Охридското езеро
Климатските промени негативно влијаат врз нивото на охридското езеро.Натпросечните температури за месец ноември и топлото време придонесуваат за поголемо испарување на водата а според еколозите дополнителен проблем од друга страна е и тоа што езерото сеуште се користи како вештачка акумулација со примитивниот испуст во Струга и не се почитуваат минимално дозволените коти согласно законската регулатива.
Ваквите осцилации може да доведат до оштетување на крајбрежниот појас и куќите до езерото.
Добрите познавачи сметаат дека е потребно обезбедување на подобар и интегриран пристап при управувањето со водните ресурси, како од аспект на нивно зачувување така и од аспект на нивно управување и искористување.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
