Македонија
15. November 2022 - 12:22
Штедењето струја ги зголеми кражбите во Струга
Зголемени кражбите во струшко. Најчеста мета на крадците кои не мируваат се куќите, становите и деловните објекти.
Ограбени беа и канцелариите во новата зграда на општина Струга од каде беа украдени компјутери, лаптопи и друга техника, а на тапет се најдоа и верските објекти. Регистрирани се три кражби во џамии и една во црква.
Граѓанските активисти сметаат дека рестрикциите на јавното осветлување во градот и околните места довеле до зголемување на криминалот.
Инаку минатата година во Струга пријавени биле 89 кривични дела „тешка кражба“ и 62 „кражба“,додека годинава заклучно со месец октомври регистрирани се 113 дела „тешка кражба“ и 63 дела „кражба“, а против сторителите поднесени се 73 кривични пријави.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
