Се намалува нивото на Охридското Езеро
Екологистите алармираат нивото на Охридското Езеро повторно се намалува.
Според последните мерења на ЕСМ водостојот е на 8 сантиметри до минималната кота од 693,18 метри надморска височина. Драстичните намалувања и постојаните осцилации најчесто се како резултат на лошото управување и користење на езерото за производство на струја а потребно е и ревидирање на договорот со Албанија.
Од Министерството за животна средина пак посочуваат дека иако е енергетска криза државата треба исклучиво да бара и црпи енергија од обновливи извори како што се сонцето и ветерот.
Намалувањето на водостојот негативно се одразува врз живиот и растителниот свет но и врз самото крајбрежје покрај езерото.
Според експертите, ваквите осцилации не се појава само оваа година, но доколку состојбата продолжи, може да биде загрижувачка.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
