Македонија
8. November 2022 - 12:22
Ранохристијанската базилика во Октиси подготвена за презентација пред туристите
Вредното културно наследство ја проширува туристичката понуда на Струга.
Ранохристијанската базилика од петтиот век во струшко Октиси после триесет години, е конзервирана сочувана и презентирана пред јавноста. Изработена е изложба на ѕидовите која ги претставува вредностите и значењето на базиликата.
Мозаиците сместени во новоизградените конаци конечно се достапни за јавноста сместени во новоизградени конаци.
Базиликата има непроценлива вредност поради тоа што на мозаиците е отсликана единствената претстава на Балканот – „Рагање на христијанството“.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
