Македонија
5. November 2022 - 16:36

Стружани се жалат - Плаќаат за осветлување, а градот е во мрак

Стружани иако плаќаат немаат јавно осветлување градот по 20 часот е во мрак како резултат на воведување рестрикции поради енергетската криза.Тие бараат да се  корегира давачката за улично осветлување на сметките за електирична енергија и реагираат бидејќи сеуште нема одговор по поднесениот Управен приговор до општина Струга, граѓаните и правниците се закануваат со туба до Управниот суд.

Граѓаните бараат  за намалувањето на  комуналната такса за јавно осветлување да одлучува советот.

Од општина Струга пак најавија дека ваквите чекори се преземаат поради поскапувањето на електричната енергија и повисоките сметки за три до четири пати, сума што не е предвидена во буџетот на Општината за 2022 година.