Македонија
29. October 2022 - 16:37

Општина Струга без решение за кучињата скитници

Глутници кучиња ги плашат стружани а надлежните никако не успеваат да изнајдат решение за овој проблем. Иако на последната седница на советот на општина Струга од страна на советниците од ВМРО-ДПМНЕ беше поднесен предлог за итна акција стерилизација и хуман третман кој едногласно бил прифатен од сето тоа сеуште ништо а се повеќе има напади од кучињата скитници.

Кукунеш вели дека од Агенцијата за храна и ветеринарство уште во 2011 било поднесено решение до општините сами да се грижат за кучињата скитници и да обезбедат соодветни услови за животните како и безбедноста за граѓаните.

Во Струга секој ден е сè поголем бројот на нападнати, па дури и каснати граѓани од кучињата-скитници кои шетаат низ градот во групи од по 7-10 кучиња. Од страв да не бидат каснати, се принудени да го ограничат движењето или да се движат само со автомобили.