Македонија
28. October 2022 - 12:28

Струшката болница полна со деца – Се шират вирусни инфекции

Наплив на пациенти на  детското одделение во Струга. Најкритично е за време на викендите велат докторите за 24 часа имало и по 200 прегледи а голем е бројот и во текот на целата недела во просек над 100 прегледи на ден.

Моментално во детското одделение работат 5 доктори и еден неонатолог, но поради заминување на еден од докторите во пензија, а друг на специјализација бројот на стручен кадар се намалува и во Струга.

Зголемен е бројот на вирусни инфекции и тоа најчесто респираторните околу 80 посто кои многу често доведуваат до компликации кај најмладите.

Детското одделение во Општата болница во Струга покрива цел регион, а покрај децата од Охрид кои се лекуваат тука, се препраќаат и потешките случаи од Ресен и Дебар.