Македонија
27. October 2022 - 12:24

Охрид се подготвува за развој на зимски туризам

Охрид има потенцијал за развој на зимскиот туризам. Се адаптираат објектите, формирани се и тимови за спасување на планина и вода, а набавени се и возила и опрема за интервенции кои се основен предуслов за ваков вид на туризам и економски развој на општините.

Во  Општина Дебарца за безбеден туризам во зимски услови неодамна беше отворен современ планинарски дом со 20 легла и опрема за делување.

Туристичките работници пак се надеваат дека на овој начин со инвестирање во инфраструктурата и можностите за зимски и авантурисички туризам се продолжува и сезоната во главниот туриситички центар во текот на целата година.