Охридските туристички водичи се соочуваат со нелојална конкуренција
Туристички водичи од Охрид се соочуваат со нелојална конкуренција. Според нив проблемот е во хиперпродукцијата на водичи со слаб квалитет, кои за да опстанат на пазарот ја уриваат цената на трудот.
Секој во слободно време сака да биде водич и да води група туристи притоа не сваќајќи ја комплексноста на работата, вели долгогодишниот водич Јузмески.
Проблемот лежи во тоа што туристичките водичи не се влезени во номенклатурата на дејности, во занаетчиската комора ги има како дејност, но во Министерството за економија не постојат.
Туристичките работници задоволни од сезоната и нивното ангажирање тие велат дека во главниот туристички центар сеуште има туристи иако заврши летото кои сакаат да ги видат убавините и културно историските знаменитости на градот.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
