Македонија
22. October 2022 - 16:34

И охридски Водовод во тешка состојба

Енормно високи сметките за електрична струја во охридски Водовод. За 7 до 8 пати пораснале сметките, една сегашна месечна чини како претходно што трошеле за цела година. 

Состојбата е загрижувачка во ова јавно претпријатие бидејќи проблем имаат и со заостанат долг од 80 милиони денари за потрошена електрична енергија така што од месец за месец се натрупуваат трошоците, а дополнително треба да се обезбедат и плати за над 200 вработени.

Судбината на Водовод е неизвесна, тие бараат помош од општината и државата, но како што велат до исклучување на струјата на пумпните станици нема да дојде.

Високи сметки за струја има и во останатите охридски јавни препријатија веднаш зад Водовод најкритично е во претпријатието Колекторски систем и таму последната сметка за е десет пати поголема од претходно и изнесува 11 милиони денари.