ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација, претседателката на комисијата се брани дека деловникот не спречува гласање
Пратеничката на СДСМ Марија Георгиевска доби интерпелација затоа што како претседателка на Комисијата за избори и именувања без завршена комисиска расправа до пленумот поднесе предлог за избор на двајца уставни судии. Интерпелацијата ја поднесе опозициската ВМРО-ДПМНЕ со образоложение дека Георгиевска постапила противуставно и противделовнички.
Георгиевска пак, вели дека нема член од Делвникот што и забранува парцијален извештај, иако признава дека не постои ни член што и дозволува такво нешто.
Во меѓувреме на седница втор ден расправа по предлозите за уставни судии. Опозицијата обвинува за партизација на уставниот суд, власта за блокада.
Пред пратениците е изборот на Фатмир Скнедер и Тања Васиќ Бозаџиева за уставни судии.Расправата за третиот предлог - републичкиот обвинител Јовески остана недовршена во Комисијата на Георигевска.
Претседателката Црвенковска на Судскиот совет пак, најави дека наредната недела до парламентот ќе испрати свој предлог за уставен судија, за испразнетото четврто место во овој Суд.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
