Изборот на Пенов најрано за 10тина дена
Изборот на Ристо Пенов, за нов министер за локална самоуправа треба да се очекува за најмалку 10 дена, велат собраниски извори од власта. Номинацијата на Пенов веќе е испратена од премиерот Ковачевски, но таа се уште не е доставена до пратениците како метеријал.
Сепак, на денешната координација кај спикерот Џафери било споменато дека изборот на нов министер може да биде поставен за точка на дневен ред на сендицата закажана во понеделник, но тогаш нема да се трасправа по нејзе.
„Дневниот ред на оваа седница може да биде дополнет со предлогот Пенов да биде избран за министер за локална самоуправа, но терминот кога ќе се расправа по нејзе ќе зависи од тоа кога премиерот Ковачевски ќе може да биде во парламентот цел ден, а усогласено со опозцијата“, вели пратеник од власта.
Она што е извесно е дека на оваа седница ќе биде констатирана оставката на Милевски од министерската позиција, а која веќе е депонирана во парламентот.
Но, освен од присуството на Ковачевски, изборот на Пенов, неофицијално зависи и од сличувањата во ДУИ. Имено, викендов во мала Речица ќе се избира ново партиско раковдство кое ќе направи анализа за сработенот на досегашните министри – интегративци. Од партиските заклучоци многу ќе завиди однесувањето на т.н. огнена група од ДУИ во парламентот, а која брои најмалку двајца пратеници, што пак го доведува во прашање владејачкотот мнозинство за носење на одлуки.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
