Опозицијата ги критикува мерките, власта ги брани
Лидерот на опозциската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски уште еднаш ги понуди своите решенија за справување на енергетската криза. Тоа како што рече го прави бидејки ВМРО-ДПМНЕ е државотворна партија, независно што е опозиција и не раководи со институциите. Повика, како што рече, владините функцинери помалку да крадат, па пари ќе има за сеоја мерка.
Мицкоски и понатаму инсистира вишоците на струја кои ги има ЕСМ, наместо да бидат продавани надвор, да се продаваат на домашните компании и тоа по производствена цена од 80 до 90 евра киловат час, наместо како што сега тие плаќаат цена од 300 до 400 евра за истата количина на енелектрична енергија.
„Оние компании кои понатаму ќе имаат потреба покрај овие вишоци да набавуваат струја, онаа разлика од регулираната до набавената половина да ја плати владата. Според нашите калкулации оваа пресметка би изнесувала не повеќе од 50 милиони евра. Тоа се пари кои редовно овие 5 години во првото тромесечие, официјалните лица на оваа влада ги крадат. Затоа кога зборуваат за штедење треба да се свртат самите кон себе и да престанат да крадат. Ако престанат да крадат тогаш ќе има пари за оваа мерка. Наместо овие пари да ги крадат преку ископ и наместени тендери во РЕК Битола, за мазут, јаглен, тоа пари да завршат во стопанството да спасиме работни места, рече Мицкоски.
Лидерот на опозицијата ја критикуваше и најавата на премиерот Ковачевски за кратење на плати на работници, коментирајки дека во време на инфлација од 20 отсто и потрошувачка кошничка над 50 илјади денари месечно, тоа не е решение, туку терор
Министерот за финсии Фатмир Бесими, пак, во колумна посветена на последниот владин пакет возвраќа дека сите мерки се добро осмислени, а економската политика на Владата е претпазлива и аналитична. Отпор е нормално да има, пишува тој.
„Во кризни времиња, со голем број на засегнати страни, очекувано е да се наиде на отпор и негодување за одредени преземени чекори во насока дека се ненавремени, или слаби. Но треба да се има предвид и дека станува збор за исклучително комплексна ситуација и дека секогаш се гледа најоптималното решение кое ќе придонесе за решавање на кризата во целина“, вели Бесими.
Тој вели дека мерките се таргетирани за најранливите категории на граѓани со цел да се зачува социјалната стабилност во земјата. Министерот вели дека мерките се креирани според насоките што ги дале ММФ и Светската банка.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
