Оливер Андонов најави фракција за смена на Мицкоски, партијата смета дека не заслужува одговор
Оставка од Христијан Мицкоски од челната позиција во ВМРО-ДПМНЕ побара денеска новоформираната фракција за демократска ревитализација на партијата предводена од Оливер Андонов, поранешниот министер за внатрешни работи со најкус стаж. Според Андонов, кој повика и на внатрепартиско обединување, Мицкоски бил потрошен кадар, а со неговото заминување ќе се отворел патот за демократизација на партијата.
Фракцијата беше објавена пред партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ, а централата возврати со гласна музика додека траеше прес-конференцијата.
Андонов тврди дека фракцијата не е поврзана ни со претходната т.н. мериот коалиција на поранешниот градоначлалник Ивица Конески, ниту со скопската градоначалничка Арсовска која е во лоши односи со Мицкоски и со која партијата неодамна ја раскина соработката.
Фракцијата и Андонов не заслужуваат коментар, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
И од партијата сметаат дека дека иницијативата на Андонов е безнадежна и безначајна. Се сомневаат дека одбработува за власта со тоа што и помага на СДСМ во дефокусот на јавноста од вистинските проблеми.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
