Македонија
16. September 2022 - 16:46

Опозицијата повторно бара референдум, закани за целосна блокада ако повторно пропадне

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе ја прифати новата инцијатива на Левица за референдум против Договорот за добрососедство со Бугарија откако собранискиот спикер Џафери го отфрли нејзиниот предлог, најавува лидерот на партијата Мицкоски. Тој повтори дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за уставните измени, но и дека идната влада која би ја формирал ќе почне нови разговори со официјална Софија.

Ве меѓувреме, „Левица“ ја поднесе и кривичната пријава против Џафери бидејки, како што објаснуваат, своеволно ја оневозможил граѓанската иницијатива за рефрендум со собирање на 150 илјади потписи. Левица до скопското обвинителство пријавиле дека Џафери сторил тешко кривично дело Спречување на избори и гласање, каде предивдена е минимална казна од 3 години затвор.

 Спикерот не е надлежен да се впушта во мериторно оценување на иницијативата за распишување референдум, туку исклучиво може само да ја цени нејзината уредност, како поднесок, од формално-правен аспект; Toj не можел сам, без претходно прибавено мислење од две собраниски комисии, да одлучи за уредноста на иницијативата; Џафери бил должен прашањето да го префрли на парламентарниот пленум на Собранието, поради тоа што само тоа има уставна и материјална надлежност да цени дали истата ќе продолжи или ќе запре, бидејќи единствено Собранието, во полн состав, на пленарна седница, е надлежно ad meritum да одлучи за уредноста или неуредноста на поднесената граѓанска иницијатива – преку носење на подзаконски правен акт наречен „Заклучок“ (а не „Известување“)!?“, објаснуваат од партијата на Апасиев.

Од СДСМ пак, коментираат: „антиевропската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, во повторен обид неуставно да ги сопре евроинтеграциите“

„Што поскоро разберат Мицкоски и Апасиев дека никој не ги поддржува нивните ретроградни политики, тоа подобро за нив и нивните политички кариери“, пишуваат од власта.

И за шефот на дипломатијата Османи партијата на Апасиев е дел од руската пропаганда.

Освен нова референдумска иницијатива и кривична за Џафери, од Левица вчера најавија целосна блокада на парламентот со илјадници амандмани на секој закон и долги говори.