Македонија
9. September 2022 - 16:34

Иницијативата за референдум против договорот со Бугарија влезе во собраниска процедура

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието ја поднесе Инцијативата за распишување на референдум со граѓански потписи за поништување на Договорот за добрососедство со Бугарија за да се утврди нејзината уредност, како што бараат собранискиот деловник и Законот за референдум.

Според собранискиот деловник, претседателот на Собранието е тој кој треба ја испита ваквата урендост. Џафери, Инцијативата веднаш треба да ја испрати до Законодавно-правната комисија и до Комисијата за политички систем.  Работните тела, согласно Деловникот во рок од два дена, пак, треба да дадат мислење дали предлогот е уреден.

 „Ако претседателот на Собранието утврди  дека  иницијативата е уредна, за тоа го известува овластениот предлагач, во рок од три дена од добивањето на мислењето од работните тела.

 Ако претседателот на Собранието утврди дека иницијативата е неуредна, прашањето во врска со иницијативата го става на дневен ред на првата наредна седница на Собранието. Собранието со заклучок утврдува дали иницијативата е уредна.

Претседателот на Собранието го известува овластениот предлагач за заклучокот на  Собранието во рок од три дена“, пишува во Деловникот.

Ова значи дека судибината на Инцијативата треба да се знае веќе наредната недела.

И Лидерот на партијата Мицкоски со истиот повик.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека во инцијативата го користеле називот Репбулика Македонија бидејки и самиот закон за ратификација на Договорот со Бугарија во името го користи тоа име, но дека инцијативата сепак, ја поднеле до претсдателот на Собрнаието на Северна Македонија.

Од СДСМ пак, сметат дека референдумот е ретроградна политика на ВМРО-ДПМНЕ, но не откриваат дали ќе го бојкотираат или пак, ќе повикаат на гласање против доколку Инцијативата на ВМРО-ДПМНЕ е уредна.

Доколку Иницијативата е уредна и се соберат потребните 150 илјади граѓански потписи, според Законот за референдум,  Собранието е должно во рок од 30 дена од поднесувањето на предлогот за референдум  да донесе одлука за негово распишување.