Власта смета дека референдумот е анти-европски, малите партии се уште воздржани
Референдумот за поништување на Договорот за добрососедство со Бугарија е референдум за тоа да се прекине евроинтеграцијата на државата и е на штета на граѓаните, вели шефот на државата Стево Пендаровски по најавата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека ќе собира граѓански поптиси за организирање на референдум со цел посредно да се извадат бугарските барања од преговорите со Брисел.
Сличен став и на премиерот Димитар Ковачевски. Вели дека опозицијата тактизира постојано се референдум поради партиски и лични рејтинзи.
Ковачевски очекува дел од опозциските пратеници да гласаат за уставните измени.
Референдумот е неприфатлив и за коалициската ДУИ.
Помалите партнери Демократиски сојуз и ЛДП ставовите ќе ги објават дополнително по направени анализи, а од ДОМ не се за тоа да се поништи Договорот за добрососедство, туку се против билатерални прашања да се дел од преговарачката рамка.
Од Алијанса на Албанците која како опозиција го поддржа францускиот предлог велат дека остануваат на тоа да не бидат кочничари на евроинтеграциите.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
