Ќе падне ли одлука за референдум, ВМРО-ДПМНЕ вечерва на Извршен комитет
Целта на едностраната Декларација за јазикот е да обезбеди чиста форулација за македонскиот јазик без додавки и фусноти во документите на Европската унија. Нејзината содржина се однесува на македонскиот јазик како службен јазик на територијата на Македонија, но и во меѓународните односи. Освртот што се прави е кус поради форматот на самата изјава. Ова се првите коментари на македонското министерство за надворшени работи по рекаиците во јавноста за содржината на самата Декларација.
Во објаснувањето на МНР се вели дека во Изјавата е даден кус осврт на кодификацијата на македонскиот јазик базиран на „дијалектите кои се земени како основа за кодификацијата и кои биле распространети на територијата на денешна Република Северна Македонија, а тоа се централните говори на западното македонско наречје односно говорите на оската Битола - Прилеп - Велес – Кичево“.
Од МНР дообјаснуваат и дека дадени се „само неколку информации и податоци поврзани со јазичниот, просторен и временски континуитет на македонскиот јазик кој низ вековите растел, се развивал и се издигнал во наддијалектен, национален стандарден јазик на македонскиот народ како и неговото значајно место во славистиката и лингвистичката наука“. Потсетуваат дека на македОнски јазик ќе биде потпишан и ФРОНТЕКС договорот.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак, ја смета за шокантна и ненаучна изјавата која шефот на допломатијата Османи ја достави во Брисел. Лидерот на партијата Мицкоски вели дека идна влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде и да ја коригира ваквата Декларација.
„И не знам зошто е потребно македонската Влада да го појаснува македонскиот јазик, да го дополнува итн. Кога македонскиот јазик има своја јасна антропологија уште во времето на многу преродбеници во минатото и кодифициран и стандардизиран … Така што шокантно е сето ова, ќе имаме многу за коригирање кога ќе ја преземеме Владата и ќе има многу за одговори кои што ќе треба овие политичари кога ќе бидат изведени на одговорност да одговорат. Така што ова ако некој мисли дека ќе се заборави и дека секоја работа ќе трае два – три дена се лажат. Ова длабоко ќе остане врежано во меморијата на секој Македонец, но и во нашата. И наша обврска е да им го поставиме вака во лице уште еднашка ова прашање кога ќе дојде денот. Сега нормално, при ова заробено судство, обвинителство, органи на прогон, тешко дека може нешто да се направи. Но, многу скоро ќе дојде тој ден кога ќе треба да дадат одговори зошто беше потребно сево ова“, вели Мицкоски.
Од СДСМ пак, велат дека Мицкоски треба даим се извини на сопартиците за лагите за наводна бугаризација и асмилација и за тоа што велеле дека нема да почнеме преговори со ЕУ со заштитен македонски јазик.
„Секако доблесно би било и да потврди дека македонскиот јазик со чиста формулација без фусноти станува дел од преговарачкиот процес со ЕУ но тоа е премногу да се бара од Мицкоски“, возвраќаат од СДСМ.
Вчера научни работници од МАНУ, Институтот за македонски јазик и факултетите по македонистика исто така реагираа на изјавата и побараа нејзинот повлекување од Брисел поради временскотот ограничување на македонскиот јазик од 1945 година наваму, како и врзување на дијалектите само на територијата на денешна Македонија.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски уште стои и на ставот за референдумско изјаснување за проколот со Бугарија. Тоа ќе биде тема и на вечерашниот извршен комитет на партијата, заедно со анализа на актулената политичко-економска состојба во државата.
Од друга страна, вицепремиерот за европски прашања Маричиќ смета дека потреба од референдум нема.
-Ние имаме научени лекции. Опозицијата инсистираше на референдум и за Преспанскиот договор со Грција и владата на премиерот Зоран Заев го прифати тоа. На крајот ВМРО-ДПМНЕ, по неколку години барање референдум, реши да го бојкотира, што остави дамка на целиот процес. Тоа за нас е научена лекција. Според МОЈА оценка, место референдум подобро е да се отвори расправа и низ разговори и дебати да се дојде до дветретинско мнозинство во Собранието. Подобро е институциите да си ја преземат својата одговорност место да се користи евентуалниот референдум за манипулации и собирање политички поени
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
