Проглас и петиција за заштита на македонскиот јазик
Македонската декларација за јазикот која вчера беше испратена до Брисел е нелегитимна за научните работници од МАНУ, Филолошкиот факултет од Скопје, Институтот за македонски јазик, институтите за македонска литература и фолклор, како и катедрата за македонски јазик и книжевност на штипскиот универзитет.
Во допис до јавноста велат дека Изјавата е целосно спротивна на собраниската Резолуција за македонските позиции во разговороите со Софија.
Посочувањето на временскиот и на културниот континуитет на македонскиот јазик ги отфрла сите ограничувања на македонските дијалекти, така што наведеното во Унилатералната изјава дека: „Овој континуитет се заснова на специфичниот развој на дијалектите што се во неговата основа и биле распространети на територијата на денешна РС Македонија“, претставува грубо фалсификување на лингвистичките факти и на проучувањата на македонскиот јазик.“, се вели во дописот на научните работници.
Научниците посочуваат примери дека јазикот постоел многу пред кодификацијата од 1945 година, посочувајки примери за македонски дијалекти, книжевни и јазични дејци од 13 век, па се до делото „За македонцките работи“ од 1903 на Крсте Мисирков. Лингивистите наведуваат и тоа дека македонскиот јазик е впишан во регистарот на земји и јазици на ОН, дека има прзинаена латинична транскрипција од 1977, дека е дел од повеќе лингвистички научни атласи, а влезен е во Меѓународната организација за стандардизација ISO и е застапен и на Google, како алатка за преведување.
„Ние, како научни работници, потврдуваме дека, како и досега, и во иднина ќе се раководиме според меѓународно прифатените научни сознанија за македонскиот јазик во историски и во современ контекст“, се вели во сописот на научниците.
Околу 30 млади македонисти од катедрата по македонски јазик и книжевност во проглас пак, бараат Изјавата за јазикот веднаш да биде повлечена од Брисел.
„Бараме веднаш, без одложување, од страна на Владата на Р С. Македонија, односно Министерството за надворешни работи, оваа Изјава да биде повлечена во целост, имајќи предвид дека со неа не се почитуваат востановените научни сознанија и утврдени факти за македонскиот јазичен, книжевен и, воопшто, културен идентитет, зад коишто стои не само домашната и странската македонистика, туку и современата светска славистика, лингвистика, книжевна наука и историографија“, се вели во прогласот.
Велат дека декларацијата е спротивна на јазичната наука, а и неосновано ја брише и македонската книжевна историја пред 1945 година.
„Македонската книжевност е сведена на датирање само од 1945 година наваму (имајќи ја предвид употребата на терминот „литературен македонски јазик“, којшто подразбира јазик на литературата/книжевноста), при што, одделно, во Изјавата се алудира само на книжевни остварувања коишто се од поновата книжевна продукција, со што политички се брише македонската книжевна историја“, се вели во прогласот
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
