68 пратеници гласаа „ЗА“ францускиот предлог, Мицкоски со изјави на нотар гарантира дека нема да има уставни измени
Со 68 гласа „за“ парламентот ги изгласаа заклучоците за владината информација за почеток на преговорите со Европската Унија. За францускиот предлог не гласаше македонската опозиција од коалицијата на ВРМО-ДПМНЕ и Левица, но и владините партнери Павле Трајанов од Демократски Сојуз и Маја Морачанин од ДОМ.
Со заклучоците што беа предложени од СДСМ и ДУИ, Собранието ја обврзува Владата да ја прифати преговарачката рамка, но при тоа безусловно да се почитува македонскиот идентитет. Со заклучоците се задолжува Влада во преговарачката рамка иу во ЕУ македонскиот јазик да биде наведен без какви било објаснувања, додавки или фусноти, како и тоа билатералните прашања да не бидат одредници од кои ќе зависи отворање или затворање на некое поглавје. За да се одржат меѓувладините конференции, паралментот ја обврзува владата веднаш да ги донесе потребните одлуки, што посредно значи да го почне процесот на уставни измени што ги бара Бугарија.
Лидерот на опозциската ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, вели ништо не е готово бидејќи уставните измени зависат од неговата пратеничка група, а таа нема да гласа за нив.
Пртаениците на ВМРО-ДПМНЕ пред чинот на гласање ја напуштија собрнаиската сала, а претходно водеа жестока дебата шпротив предлогот.
Од Социјалистичката партија на Македонија, реагираат дека жалат за овој ден, најтежок во современата македонска историја со повторно газење врз македонското достоинство и со предаден македонски идентитет.
За власта ВМРО-ДПМНЕ никогаш не знаела да донесе државнички одлуки.
Доесените заклучоци треба да бидат објавени во Службен весник, а владата веднаш да ги извести пратениците за конечно усогласената и усвоена преговарачка рамка.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
