Македонија
7. February 2022 - 12:23

Наставници од Охрид и Дебарца на обуки за работа со деца со попреченост

Наставниците од Охрид и Дебарца сe  обучуваат за работа со деца со лесна попреченост.Целта e да им се  овозможи  максимална вклученост во училишната средина бидејќи како што велат тие предизвиците со кои се  соочуваат наставниците се огромни и се однесуваат на повеќе аспекти,многу често некои од родителите одбиваат да прифатат дека нивното дете има некаква попреченост во развојот.

Преку подобрување на условите децата полесно ќе ги совладуваат наставните материјали и ќе се стекнат со  вештини потребни не само  во училиштето туку и во секојдневниот живот.

Во ОУ „Дебрца“со децата со атипичен развој работи и еден образовен асистент.Инаку проектот  „Include me in“ покрај другото има и благородна цел и порака за поддршка и разбирање за овие лица.