„Њујорк тајмс“: Американската војска тајно протнува десетици бродови низ Ормуз

Американските воени сили во последните неколку недели им помогнаа на десетици трговски бродови да поминат низ блокираната Ормуска Теснина – објави „Њујорк тајмс“ повикувајќи се на изјави на американски функционери.
Во последните три недели Централната команда на американската војска (Centcom) водеше 70-ина трговски брода низ овој стратешки воден пат, откри еден од функционерите под услов да остане анонимен.
Истите извори наведуваат дека повеќето од тие бродови ги имале целосно исклучени транспондерите (електронски уреди за следење) за да го избегнат лоцирањето од иранските сили.
Официјален Вашингтон одби да прецизира точно за каков вид бродови станува збор, како и по кои рути минувале.
Имено, секој брод што поминува во близина на иранскиот брег без изречно одобрение од Техеран е под закана од директен напад. Затоа морнаричките аналитичари проценуваат дека овие тајни премини предводени од САД минувале по рути што се многу поблиску до територијалните води на Оман.
Пред избувнувањето на конфликтот секој ден низ мореузот минуваа повеќе од 100 трговски брода. Со оглед на тоа што овие акции предводени од САД се одвиваат во целосен мрак и со исклучени системи за следење, аналитичарите истакнуваат дека во моментот е невозможно независно да се потврди точниот број на бродови што успешно поминале низ Теснината
Ново на Сител
-

Крај на учебната 2025/2026 година
-

Над 100 текстилни работници од две штипски конфекции без плати и придонеси
-

Менталното здравје кај младите бара поголемо разбирање
-

Анализа: Што можеме да очекуваме од утрешната средба Сиљановска Давкова – Јотова?
-

Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-

Утре средба Сиљановска-Давкова – Јотова во Софија, премиерот претпазлив
-

Снимки од заѕиданите пари: Обвинителството ги откри врските Ристов–Стафа–Пецов
-

Државата најверојатно сама ќе го гради Чебрен и Галиште
