Македонија
30. August 2026 - 12:33

Нема повредени во запалениот автобус на ЈСП „Скопје“ на Средно Водно, возачот спречил поголем пожар

Нема повредени лица во пожарот што избувна денеска во автобус на ЈСП „Скопје“  без патници, кој сообраќал на Средно Водно.  

Пожарот е изгаснат со интервенција на две возила и седум пожарникари од  Скопската бригада за противпожарна заштита.- Благодание брзата реакција  и присебноста на возачот кој го паркирал на соодветно место, пожарот не се проширил во околината,  изјави за МИА Ѕвонко Томевски, командир на Противпожарната бригада на  Град Скопје.

 

МИА