Нема најава кога ќе се реши хаосот на Клинички
Најавена како прв приоритет, но и по два месеци од министерската функција на Фатмир Меџити ништо од катната гаража во комплексот клиники. Сеуште нема конкретно решение за сообраќајниот хаос со кој секојдненвно се соочуваат пациентите кои одат на прегледи и дијагностички ипитувања. На првата средба со новинарите Меџити најави дека овој проблем мора ургентно да се реши. Денеска, пак, одговорот што го добивме од кабинетот на министерот за здравство не навестува дали станува збор за итен проект ниту пак јавноста знае кој ќе го реализира.
-Во однос на паркингот во комплексот клиники, идејното решение е финализирано. Исто така, извршени се и консултации со групи од интерес, ни одговорија од МЗ.
Ова кратко известување не дава никакви одговори, но министерот Меџити во март самиот промовираше брзо решавање на хаосот.
-Се консултираме со сите чинители, со сите страни и мислам дека во најбрз можен рок тоа ќе го решиме, изјави Фатмир Меџити министер за здравство.
И додека пациентите чекаат на ветените решенија на скопските клиники е истата слика со години – долги колони од возила, свирежи, нервози, заглавени возила на Брза помош со пациенти.
Не само сегашниот, и Венко Филипче во 2018 најавуваше катна гаража за спас од метежот и се остана само на ветување.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
