Македонија
14. јуни 2023 - 16:31

Нема договор на повидок меѓу власта и опозицијата за Уставот

Со нови лица но со стари ставови продолжува медиумската дебата меѓу власта и опозицијата за процесот на уставни измени. Она што до вчера го зборуваа партиските лидери, денеска го повторија и нивните пратеници.

Власта и натаму турка еуфорија дека опозицијата прифатила промена на Уставот и вели дека е задоволна поради тоа

Ништо ново и во ВМРО-ДПМНЕ. И тие го повторуваат она што Мицкоски го кажа веќе неколку пати

Премиерот Ковачевски официјално не се изјаснува за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо него, противење веќе стигна од кабинетот на Претседателот Пендаровски и од коалиционите партнери на СДСМ, а против се изјасни и официјален Брисел преку амбасадата во Скопје.

Вчера Ковачевски му понуди на Мицкоски да ја преземе и премиерската фотелја, но во ВМРО-ДПМНЕ велат дека не се расположени да лицитираат и да одат надвор од она што го дадоа како своја понуда.

Лидерската средба се одржа минатата среда. Од тогаш до денеска не е постигнат никаков напредок.

Власта веќе најави дека ќе почне со процес на убедуање пратеници, за што има рок некаде до крајот на годината имајќи предвид дека од јануари, влегуваме во терминот за редовни парламентарни избори.