-->
-->
Неизвесен настапот на Де Јонг на „Ел Класико“
-->

На помалку од три дена до големото дерби во шпанската лига „Ел Класико“ Барселона има проблеми со составот. Еден од клучните играчи од одбраната Френки Де Јонг денешниот тренинг го пропушти.
Здравствената состојба на играчот не е најдобра, па наместо на тренинг денеска беше пуштен да се врати дома. Неговиот настап на Сантијаго Бернабе е под голем знак прашалник.
Инаку холандскиот интернационалец на дуелот во вторникот од Лигата на шампионите против Олимпијакос беше на клупата за резерви со цел да биде одморен за неделниот дуел.
Тренерот на Барселона Ханси Флик изминатиов период се соочува со проблеми со повредени играчи, а од листата на повредени се очекува враќање единствено на Рафиња.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Дизелот ќе поевтини
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ знае само за блокади и предавства
-

СДСМ: Срамни обиди за рехабилитација на осудените за 27 април
-

Стартува реконструкцијата на Универзална сала
-

Државата се дигитализира, но не сите со исто темпо
-

Дојран ја подготвува првата инклузивна плaжа во државата
-

Преглед на вестите од светот
