Не престануваат реакциите за македонскиот јазик, ќе прави ли МНР промена на едностраната изјава за јазикот?
Нема одговор од македонската дипломатија дали ќе интервенира во веќе доставената еднострана Декларација за македонскиот јазик во Брисел откако лингвистите реагираа на Изјавата.
Научните работници од МАНУ, Филолошкиот факултет од Скопје, Институтот за македонски јазик, институтите за македонска литература и фолклор, како и катедрата за македонски јазик и книжевност на штипскиот универзитет во допис коментираат дека Изјавата ја сметаат за нелигитимна и дека во својата работа ќе се водат од веќе дефинираните научни факти.
За научниците изјавата е целосно спротивна на собраниската Резолуција за македонските позиции во разговорите со Софија, а ограничувањето на дијалектите само на територијата на денешна Македонија
Околу 30 млади македонисти од катедрата по македонски јазик и книжевност во проглас пак, бараат Владата и министерството за надворешни работи веднаш да ја повлечат Изјавата за јазикот од ЕУ.
Младите македонисти посочуваат дека со Декларацијата неосновано и политички се брише македонската книжевна историја пред 1945 година.
Реагираат и професорите чија специјалност се токму македонските дијалекти.
Од друга страна пак,професорот Људмил Спасов коментира дека изјавата има административна примена и се донесува само на стандардниот јазик, а не на македонскиот јазик воопшто.
Македонија и Бугарија вчера по повод првата меѓувладина конференција во Брисел доставија еднострани изјави за тоа како тие го разбираат македонскиот јазик. Реакциите за овие декларации не стивнуваат.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
