Научници се сомневаат на можна врска меѓу тетоважите и ракот на кожата

Според шведски епидемиолози и токсиколози од Универзитетот во Лунд, лицата со тетоважи на телото имаат зголемен ризик од добивање рак на кожата, особено меланом.
Истражувањето опфатило речиси 3.000 лица со дијагностициран меланом и околу 8.500 здрави испитаници. Според резултатите, 22 отсто од лицата со меланом биле тетовирани, наспроти 20 проценти без ни една тетоважа. По добиените резултати истражувачите утврдиле дека најголем ризик од ова заболување имаат тетовираните лица.
Тие нагласуваат дека резултатите треба да се потврдат со дополнителни епидемиолошки испитувања пред да се донесат заклучоци за вистинската причина. Како една од можните причини се наведува присуството на канцерогени супстанции во боите за тетоважи.
Според Кристел Нилсен, вонредна професорка по епидемиологија на Универзитетот во Лунд, потребни се дополнителни истражувања за да се утврди дали постои директна поврзаност меѓу боите за тетоважи и ракот на кожата.
МИА
Ново на Сител
-

Пожар во деловни простории во кругот на Железара
-

Шверцувале цигари и лекови, цариник им давал информации за контролите
-

Лекарска комора го осуди физичкиот напад врз гинекологот Огненовиќ
-

Мицкоски од Њујорк: Македонија е жртва на булинг во Европа
-

Јулските плати зголемени за 2 евра во однос на јуни
-

25. годишна конференција на Македонска берза
-

СДСМ со законски измени ќе им помага на земјоделците, ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваат СДСМ за неисплатени субвенции
-

Прв случај на западно-нилска треска и во Сарај, ИЈЗ апелира граѓаните да се заштитат
