НАТО забележува пораст на руските хибридни напади

Бројот на руски хибридни напади врз земјите од НАТО значително се зголеми, наведува висок функционер на алијансата, пренесува ДПА.
Функционерот на НАТО од Брисел прецизира дека само минатата година се регистрирани повеќе од 200 вакви инциденти, додавајќи дека рутинските „секојдневни“ кибер напади не се вклучени во бројката.
- Самото седиште на НАТО се соочува со илјадници кибер напади секој месец, рече тој, пренсен од германската агенција.
Осврнувајќи се на случајот со дронот полн со експлозив што беше пронајден на аеродромот Лајпциг/Хале во Германија, функционерот рече дека видот на откриениот експлозив во дронот сугерира дека руската разузнавачка служба била директно вклучена.
„Семтекс не е нешто што би му дале на дете што сте го регрутирале да игра видео игри“, рече функционерот.
НАТО, како и германската Влада, го смета инцидентот за хибриден напад иако експлозивната направа не детонирала.
Алијансата оценува дека Русија се обидува да ја поткопа политичката и практичната поддршка за Украина и да се подготви за можна понатамошна ескалација, а тоа вклучува извидување на критичната инфраструктура и логистичките синџири, како и претходно позиционирање на малициозен софтвер во важните индустриски контролни системи.
НАТО е особено загрижен за променливата природа на нападите, рече функционерот, објаснувајќи дека „бројките се зголемени, сериозноста е зголемена, апетитот за ризик е зголемен“.
НАТО се стреми да го зајакне одвраќањето преку воени мерки и подобра заштита на критичната инфраструктура.
Алијансата, исто така, планира да воспостави мрежа за критична енергетска инфраструктура за размена на безбедносни информации со операторите и поддршка на заеднички вежби за вонредни ситуации, одбрана од беспилотни летала и кибер одбрана.
Во особено сериозни случаи, врховниот воен командант на НАТО би можел да побара од земјите-членки да распоредат офанзивни кибер капацитети, рече функционерот, пренесува ДПА.
МИА
Ново на Сител
-

Панел дискусија „Повеќе учество - повеќе демократија“
-

Teма на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-

Притвор за лице кое се заканувало на премиерот
-

Писмена гаранција од сопственикот на „Пулс“
-

Одложено судењето за полицајците од „Пулс“
-

Дизелот поевтин за 2 денари од полноќ, бензините покапи за 3,5
-

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје – можна ли е деблокада на евроинтегративниот пат?
-

Гаши е убеден оти нема да има предвремени избори, но се актуелизира Изборниот законик
