Свет
15. September 2026 - 9:21

ЕУ планира забрана за социјални мрежи, четботови и онлајн-игри за деца под 15 години

Европската Унија ќе воведе забрана за користење социјални мрежи, платформи за споделување видео-содржини, четботови со вештачка интелигенција и онлајн-игри за деца под 15 години, се наведува во досега најсеопфатниот план за заштита на децата од опасностите на Интернет.

Во документ на Европската комисија до кој дошле медиумите се изразува загриженост поради растечкото влијание на големите платформи, меѓу кои Фејсбук и Инстаграм на „Мета“, ТикТок, Јутјуб на „Гугл“ и „Четџипити“, врз здравјето и безбедноста на децата.

Предлогот на ЕУ е дел од европскиот закон за децата што претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и извршната потпретседателка на ЕК за технолошки суверенитет, безбедност и демократија, Хена Виркунен, ќе го претстават в четврток.

Фон дер Лајен би можела да објави дел од деталите за предлогот во своето утрешно обраќање за состојбата на Унијата, кога ќе ги презентира претстојните политики на ЕУ. 

 

МИА

Ново на Сител