Најстудено во Берово, а најтопло во Демир Капија, Скопје и Тетово

Најстудено утрово е во Берово, каде се измерени 4 степени Целзиусови. Потоа, 6 во Лазарополе, 7 на Попова Шапка, 8 во Струмица, 9 во Крива Паланка, Охрид, Kрушево, Mаврови Анови, 10 во Гевгелија, 11 во Битола, Претор, Скопје-Петровец, 12 во Штип, Прилеп, Велес, Виница, Кавадарци, Куманово, а 13 степени Целзиусови се регистрирани во Тетово, Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи.
Според синоптичарите, времето денеска ќе биде променливо облачно, наместа со повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 25 степени Целзиусови.
Во Скопје, исто така, се очекува променливо облачно време, во делови од котлината ќе има услови за повремен дожд. Најавено е да дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура се очекува да достигне до 24 степени Целзисуови.
МИА
Ново на Сител
-

Одбележан 7 мај – Денот на македонската полиција
-

10 претстави во официјална конкуренција на 60-от МТФ „Војдан Чернодрински“
-

Ново Село ќе добие модерен пазар вреден над 8 милиони денари
-

18 општини чекаат изведувач на регионалната депонија кај Мечкуевци
-

Преглед на вестите од светот
-

Иницијатива за ограничување на социјалните мрежи кај малолетници во Македонија
-

Тема на денот со Весна Петрушевска
-

Преглед на вестите од светот
