Македонија
7. May 2026 - 12:26

18 општини чекаат изведувач на регионалната депонија кај Мечкуевци

Во тек е евалуацијата на понудите на компаниите што се пријавиле на тендерот за изградба на современиот систем за управување со отпад во светиниколското село Мечкуевци, каде што ќе се депонира отпадот од 18 општини од Источниот и Североисточниот регион. Градоначалниците од двата региони се состанаа во Штип, за да ги договорат следните чекори околу реализацијата на проектот, зашто во спротивно, може да пропаднат 46 милиони евра европски средства наменети за изградба на Центар за управување со отпад и претоварни станици. 

- Искрено се надевам дека овој пат ќе имаме успешна постапка и ќе избереме изведувач, бидејќи моите информаци говорат дека се пријавиле повеќе конзорциуми кои ги исдполнуваат условите и се надеванм дека нема да бидат изгубени средствата кои што се донација од ЕУ фондовите и ние како Источен и Североисточен Регион-заедно ќе имаме прва регионална депонија на територија на Македонија“, изјави Тони Тоневски, градоначалник на Пробиштип и претседател на Советот на ИПР.

Заеднички став е дека проектот е од огромно значење за двата региони и конечно треба да се придвижи од мртва точка.

- Проект кој што за жал една деценија се турка и поради објективни, но многу пати и субјективни причини. Се надевам дека во оваа фаза со новиот состав на градоначалниците и во двата региони ќе наидеме на разбирање да помине и мрдне од мртва точка самиот проект. Да се донесат и конечните заклучоци за начинот на изборот и формирање на органите и телата на управување, систематизацијата во рамките на јавното претпријатие, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово.

Претходниот тендер пропадна зашто понудувачите не ги исполнуваа условите и критериумите кои ги бара Европската комисија.