Преглед на вестите од светот
Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа им рече на новинарите дека САД имале многу добри разговори со Иран во последните 24 часа, додавајќи дека е многу можно Вашингтон и Техеран да постигнат договор.
„Во случајот со Иран, нема да дозволиме Иран да има нуклеарно оружје. Нема да дозволиме тоа да се случи и нема да дозволиме тоа да се случи. И затоа имаме работа со луѓе кои многу сакаат да постигнат договор и ќе видиме дали можат да постигнат договор што ќе ни биде задоволителен. Го имаме под целосна контрола. Особено, Иранците, тие не постигнуваат ништо, на еден или друг начин. Значи, тие се без работа. И ќе видиме дали се согласуваат или не. И ако не се согласат, ќе се согласат набргу потоа. Значи, така е.“
Од Иранска страна информираа дека го разгледува мировниот предлог на САД за кој, според изворите, формално ќе ја заврши војната, а клучните барања на САД ,Иран да ја суспендира својата нуклеарна програма и повторно да го отвори Ормускиот теснец ќе останат нерешени.
Пакистански извор за посредништво и друго лице информирано за разговорите изјавија дека е близу до постигнување договор за меморандум од една страница што формално ќе го заврши конфликтот.
Глобалните авиокомпании се соочуваат со зголемени трошоци за гориво откако воените напади на САД и Израел врз Иран го прекинаа превозот низ Ормутскиот теснец, што нагло ги зголеми глобалните цени на енергијата.
Големите американски патнички авиокомпании потрошија повеќе од 5 милијарди американски долари за авионско гориво во март, што е скок од 56 проценти во однос на февруари и 30,4 проценти во однос на истиот период минатата година, според податоците објавени од Министерството за транспорт на САД во среда.
За да го ублажат притисокот од зголемените трошоци за гориво, големите американски авиокомпании ги зголемија цените. Неколку европски авиокомпании, исто така, забележаа пораст на оперативните трошоци поради зголемувањето на цените на енергијата.
Групацијата „Луфтханза“соопшти дека очекува трошоците за гориво во 2026 година да се зголемат за 1,7 милијарди евра, бидејќи тензиите на Блискиот Исток ги зголемуваат цените, а ескалациите во Ормутскиот теснец ги продлабочуваат стравовите на пазарот поради недостиг на снабдување.
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, во средата изјави дека земјите домаќини на Светското првенство мора да издаваат визи без политички размислувања, повикувајќи ја ФИФА да обезбеди соодветни услови за репрезентациите што патуваат на мундијалот.
„Затоа, одговорност на ФИФА е да ги обезбеди сите потребни услови и капацитети. Владите домаќини, исто така, имаат многу јасна обврска според прописите на ФИФА да ги обезбедат потребните аранжмани и да ги издадат потребните визи без да ги земат предвид политичките размислувања или мотиви. Се надеваме дека ФИФА, барем заради зачувување на сопствениот кредибилитет, сигурно ќе ги преземе потребните мерки.“
Тој потврди дека националниот тим на Иран учествува на Светското првенство. Ова доаѓа откако делегацијата на Иран се врати од канадската граница минатата недела, наведувајќи непочитувачки третман, откако на претседателот на федерацијата, Мехди Таџ, му беше поништена визата поради врски со Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ).
-

Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар
